Во јужна Русија пронајдени околу 2.500 угинати фоки
Околу 2.500 угинати фоки се пронајдени на брегот на Каспиското Море во јужна Русија во Дагестан, а засега нема показатели дека насилно се убиени, соопштија официјални локални претставници.
Првите извештаи покажале дека станува збор за околу 700 угинати фоки, но со натамошно пребарување на теренот е утврдено дека ги има најмалку 2.500, а можно е да се и повеќе. Од 2008 година Меѓународната унија за зачувување на природата ги прогласи касписките фоки за загрозен вид.
Началникот на Каспискиот центар за заштита на животната средина Заур Газипов истакна дека според првите резултати од истрагата, фоките загинале пред околу две недели и дека засега не се пронајдени докази дека се убиени или фатени во рибарска мрежа. Стручните тимови земале примероци од фоките со цел со лабораториско испитување да се утврди причината за угинувањето.
Популацијата фоки во Каспиското Море драстично е намалена во изминатите неколку децении поради прекумерниот лов и индустриското загадување. Пред околу 100 години имало повеќе од милион фоки, а последните проценки говорат дека останале само 70.000.
Ново на Сител
-
Повредена 20-годишна скопјанка, се качила во автобус и паднала на коловоз
-
Детектор: Граѓаните сметаат дека во последните 5 години образованието станало полошо
-
Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека учениците учат од лоши учебници
-
Детектор анкета: Граѓаните се најнезадоволни од средното и високото образование
-
Детектор: Близу две третини од граѓаните сметаат дека Македонија има неквалитетно образование
-
Јаневска: Во македонското образование владее тотален хаос
-
Павиќевиќ: Единствената константна во Македонија е неквалитетот во образованието
-
Шаќири: Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование