Македонија
10. September 2016 - 9:21

Во јули издадени 256 одобренија за градба, најмногу за згради

Во јули годинава се издадени 256 одобренија за градење со предвидена вредност на објектите од 3.462.458 илјади денари.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на одобренијата е намален во однос на јули лани за 28,7 отсто, а вредноста за 37,9 проценти.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 181  или 70,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 24 или 9,4 отсто за објекти од нискоградба и 51 или 19,. отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 181 или 70,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75  или 29,3 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 711 станови со вкупна корисна површина од 58.253 м2.