Свет
4. March 2017 - 9:42

Во Јемен елиминиран лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров

Еден од водачите на терористичката група Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Осама Хајдар е убиен при воздушен напад на САД во Јемен, објавија дел од американските медиуми.

Информацијата е потврдена од роднина на Хајдар. При нападот загинале уште неколку борци, кои се наоѓале во возилото. што било уништено при напад со безпилотно летало.

Хајдар учествувал во борбите против шиитските бунтовници Хути, а исто така и против силите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Пентагон соопшти дека во последните денови САД извршила повеќе напади во Јемен врз позиции на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, со цел да спречат терористики напади.