Бизнис
16. March 2017 - 19:54

Во јавната администрација вработени речиси 130.000 лица, од кои 20% се албанци

Во јавниот сектор во земјава работат 129.653 лица. Заедно со вработенитре во јавните претпријатија и функционерите, бројката стига до 145.000 лица. Ова го покажува годишниот извештај на Министертсвто за администрација. Бројката на лица кои земаат плата од буџетот е стабилна, во однос на 2015 има зголемување за 1% затоа што сега се избројани и лицата  кои после подолг период добијат решенија за работа.

Ова втор извештај за јавниот сектор кој прави детална анализа на состојбата и по својот обем е уникатен во регионот.

Во наредниот период ќе се бара решение за вработените според рамковен кои земаат плата без да одат на работа. Се парават напори да се обезбедат просторни услови за нив, а дел од нив ќе бидат прераспоредувани во дејностите во кои процентуално не се доволно застапени.

Извештајот покажува дека фалат работници во државната администрација, а јавниот сектор е преоптоварен. Трошокот за плати е околу 50% од државниот буџет.