Балкан
7. September 2017 - 12:00

Во Јасеновац отстранета плочата со усташкиот поздрав „За татковината подготвени“

Во Јасеновац е отстранета спорната плоча на загрепското Здружение на доброволци во Хрватските одбранбени сили (ХОС), на која е испишан усташкиот поздрав „За дом спремни“ (За татковината подготвени).

Спомен-плочата за загинатите припадници на ХОС, на која е истакнат грбот на ова здружение, но и усташкиот поздрав, ја симнаа работници на компанијата „Новоком“, во присуство на полицијата.

Локалните власти наведуваат дека отстранувањето на плочата минало без инцидентити, и таа ќе биде преместена во дел на градот каде се наоѓаат и други споменици за загинати бранители од цела Хрватска. 

Градоначалникот на Новска, Марин Пилетиќ изјави дека на таблата засега останува натписот „За дом спремни“, се додека не се најде целокупно законско решение за овој поздрав.