Во Јапонија протести поради застарените закони за сексуално злоставување
Демонстрантите, кои се борат за правата на жените денеска шестпати протестираат на улица поради застарените закони за сексуално злоставување откако маж беше ослободен иако сексуално ја искористувал својата ќерка со години.
Судот пресуди дека таткото е виновен за сексуалното злоставување на ќерката од нејзината 13 до 19-годишна возраст, а тој признал дека бил насилен кога таа му се спротивставувала. Но, тој е ослободен бидејќи законот бара од обвинителите да докажат дека имало употреба на сила, закани или дека жртвата во целост била онеспособена.
Пресудата, на која е поднесена жалба, предизвика гнев кај демонстрантите, кои денеска излегоа на улиците во повеќе јапонски градови.
Изработена е и интернет петиција со која се бара каков бил сексуален однос без согласност од сите страни да биде дефиниран како силување.
Петицијата досега е потпишана од 47.000 луѓе и е поднесена до Министерството за правда. Судот во најновиот случај на инцест призна дека девојчето било присилено на секс „против своја волја“.
Исто така наведе дека е нејасно дали девојчето било „неспособно да се спротивстави“, па таткото е ослободен од обвинението за силување.
Јапонија во 2017 година го измени кривичниот закон за сексуални злосторства првпат во 110 години, признавајќи дека постојат и машки жртви и ја зголеми казната за силување од минималните три на пет години. Но, барањето дека жртвата мора да докаже дека не можела да се спротивстави на нападот не е изменето.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро