Живот
19. September 2016 - 12:49

Во Јапонија половина од населението до 34 годни никогаш немале секс

Oсвен намалениот наталитет и недоволно големата имиграција, Јапонија има проблем и со голем број луѓе кои не се во никаква врска, а голем е процентот на оние кои никогаш немале сексуални односи, пишува „Индепендент“.

„Јапонија Тајмс“ објави истражување меѓу лицата меѓу 18 и 34 години кое покажа дека неверојатни 70 отсто од мажите и 60 отсто од жените од тоа население кои не се во брак, исто така, не биле ни во врска, туку живаат сами.    

Но, податоците кои шокираат се дека 42 отсто од мажите и 44,2 отсто од жентие во таа земја никогаш немале сексуални односи.

Тоа истражување на секои пет години го спроведува  Јапонскиот национален институт за населението и социјална безбедност, а таа организација забележала загрижувачка мода, мажите и жените се помалку имаат сексуални односи.

Во 2010 година кај населението на возраст од 18-34 години во сексуални односи се уште не стапиле 36,2 отсто од мажите и 38,7 отсто од жените, а сега тие бројки се шест пати поголеми.