Свет
5. October 2016 - 8:28

Во Јапонија откажани 85 летови поради тајфунот Чаба

Јапонските авикомпании откажаа 85 домашни летови поради приближувањето на моќниот тајфун Чаба, јави ТАСС. 

Според јапонската Метеоролошка служба тропската бура сега се наоѓа северозападно од островот Кјушу.

Брзината на ветрот во центарот на тајфунот достигнува 40 метри во секунда со тенденција да се зголеми до 60 метри во секунда. Во повеќе југозападни префектури се очекува во текот на денот да паднат врнежи до 200 милиметри. 

Властите во јужната префектура Окинава поради тајфунот Чаба во понеделникот беа принудени да го затворат главниот аеродром во градот Наха, поради што беа откажани околу 300 летови.