Во Јакутија исчезна товарен авион Ан-30 со пет лица и прехранбени производи
Авион Ан-30 со пет лица и 6,3 тони товар исчезна денеска од радарот во сибирскиот регион Јакутија, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Дежурна оперативна смена на Центарот за управување со кризи на Генералната дирекција на Министерството за вонредни состојби на Република Саха (Јакутија) на 22 јуни доби информација за авион Ан-30, што не слетал во закажаното време на аеродромот во Оленек“, се наведува во соопштението.
Во авионот имало пет лица и 6,3 тони прехранбени производи, покажаа првичните информации, јави Тасс.
Претходно имаше информација дека во исчезнат авион што до летал од Јакутија, имало седум лица.
Хеликоптер Ми-8 и авион Ан-26 се вклучени во потрагата.
Подрачјето на Оленек се наоѓа во северозападна Јакутија, зад Арктичкиот круг со популација од над 4.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората