Свет
21. April 2021 - 10:29

Во Израел се подготвува нова кампања на вакцинација, овој пат и за децата

 Израел планира во следните шест месеци да почне нова рунда вакцинации против коронавирус, во која овој пат ќе бидат вклучени и децата, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тој на Израелците на прес-конференција синоќа им соопшти да се подготват за нов круг вакцинација.

Израелските медиуми јавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози вакцини, со можност за набавка на дополнителни вакцини.

Пред два дена Израел склучи нови договори за набавка на вакцини со компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.