Во Израел откриен првиот случај на новиот опасен вид на коронавирусот
Во Израел е откриен првиот случај на зараза со новиот вид на коронавирус , кај граѓанин кој се враќал од Малави, соопшти денеска прес-службата на израелското Министерство за здравство.
– Видот на коронавирус, откриен во неколку земји во јужна Африка, е пронајден во Израел кај граѓанин кој се вратил од Малави. Покрај тоа, постојат сомневања за уште два случаи на зараза кај странски државјани кои во моментов чекаат тестови во изолација, се вели во соопштението.
Агенцијата ДПА претходно јави дека во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост.
Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера четвртокот Националниот институт за заразни болести (NICD). Се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува, додаде НИЦД.
Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот. Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица