Македонија
24. October 2020 - 12:23

Во изолација две вработени и 13 деца од неготинска градинка, нови 8 случаи во Тиквешко

Две вработени и 13 деца од неготинска градинка се во изолација, откако дете добило позитивен резултат на Ковид тест. Извршена е дезинфекција во градинката. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Во Тиквешко има осум нови случаи позитивни на коронавирус. Три во Кавадарци, четири во Неготино, еден во Демир Капија. Сите се на возраст од три до 81 година. Едно лице од Кавадарци е хоспитализирано на клиника во Скопје, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.