Македонија
8. јуни 2020 - 9:52

Во изминатите 24 часа 204 граѓани го прекршиле полицискиот час, 180 приведени

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.06) на територијата на Република Македонија на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.