Балкан
22. March 2018 - 15:39

Во Италија запленета голема количина дрога, уапсени 16 Албанци

Италјанската полиција разби криминална банда за недозволена трговија со дрога, која шверцувала од Албанија преку Јадранско Море во Италија.

- Во акцијата се запленети 440 килограми марихуана, 10 килограми хероин и 200 килограми други супстанци што се користат за додавање во хероинот, симулирајќи некои од неговите карактеристики, соопшти италијанската полиција.

Во операцијата уапсени се 16 Албанци, за кои во текот на  истргата било утврдено дека неколку пратки со  дрога прошверцувале и до Швајцарија. 

Криминалната банда била активна во подрачјето помеѓу Комос и Милано. Лицата кои биле под истрага сите се Албанци. Тие користеле кодиран начин на комуникација и софистициран систем за  затскривање на шверцерските активности.

Во рамки на истата акција италијанската полиција вршела контроли и во Џенова и во Лука.