Свет
18. March 2020 - 18:39

Во Италија во последните 24 часа починале 475 луѓе, најмногу до сега

Според најновите податоци во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 475 луѓе, што е најмногу до сега.

Вкупниот број на починати во земјата до денеска изнесува 2.987 лица.

Бројот на заразени од вчера е поголем за 4.207.

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Италија изнесува 35.713, а моментално 28.710 се позитивни. До сега се излекувале 4.025 луѓе.