Во Италија уапсени пет лица поврзани со напаѓачот од Берлин
Италијанската полиција уапси пет лица, кои најверојатно се поврзани со Анис Амри, кој во 2016 година со камион влета во божиќен базар во Берлин, а подоцна беше убиен во судир со полицијата во Италија.
Полицијата на Твитер објави дека верува оти еден од петтемина уапсени му обезбедил на Амри лажни италијански документи, со кои тој патувал низ Европа.
Тунижанецот Амри користел лажни документи кога побегнал во Италија, а на 23 декември 2016 година е убиен при судир со полицијата во близина на Милано.
При нападот на божиќниот базар во Берлин на 19 декември 2016 година загинаа 12 луѓе. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Миноти вчера изјави дека безбедносната закана по Италија од приврзаниците на ИД е поголема од кога било до сега. Неговата изјава уследи откако полицијата објави дека уапси еден осомничен приврзаник на ИД со мароканско потекло.
Во Италија во текот на месецот спроведена е серија апсења, но и зголемен е бројот на странци кои се протеруваат од земјата. Од почетокот на годината од Италија протерани се 29 лица со образложение дека се закана по националната безбедност. Поголемиот број протерани се муслимани. Во 2017 година од Италија протерани се 132 лица.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.