Во Италија уапсени двајца Албанци шверцери на дрога
Италијанската полиција во градот Ливурно уапси двајца албански државјани, во чие возило пронашла 37 килограми хероин и два клограма кокаин.
Албанските државјани, на возраст од 32 и 27 години, ќе одговараат за „недозволена трговија со наркотични средства“.
Полицијата за шверцот на дрога добила дојава од станарите на станбена зграда во која живееле Албанците. Тие биле уапсени во момент кога се обидувале да транспортираат поголеми пластички вреќи во кои се наоѓала дрогата. Дале отпор, но биле совладани од полицијата.
При контрола на нивното возило полицијата пронашла две поголеми пластрични вреќи со 22,4, односно 12,6 килограми хероин, како и две помали кеси со по два килограма кокаин и хероин.
Вредноста на запленетата дрогата се проценува на над 500 илјади евра.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани