Свет
19. December 2017 - 22:58

Во Италија уапсен водечки член на ИД

Италијанската полиција уапси водечки член на терористичката група ИД, кој дошол во Италија да врши регрутирање и обука на други терористи.

Мароканецот Набил Бенамир (39) бил подготвен да мобилизира други  со цел да ја промовира идејата за Исламска држава, како и да ги обучува да прават и користат експлозив, соопшти полицијата.

Во акцијата учествуваа и припадници на холандската полиција, Европол и американското Федерално истражно биро.

Полицијата соопшти дека на неговиот мобилен телефон и профилите на социјалните мрежи пронашла инкриминирачки докази, вклучително и видеото на бомбаш-самоубиец и порака за престојната задача во Италија.

Властите го обвинија Бенамир за меѓународен тероризам.

Бенамир првпат беше уапсен во август во Џенова, бидејќи ја тепал својата бремена партнерка.