Свет
15. April 2020 - 19:55

Во Италија регистрирани најмал број на новозаразени со Ковид-19 од почетокот на март

Во Италија во изминатите 24 часа регистрирани се 2.667 новозаразени со Ковид-19, што е најмала бројка од почетокот на март.Во Италија има 165.155 луѓе инфицирани со новиот коронавирус, а во изминатите 24 часа починаа 578 луѓе.

Додека вчера бројот на смртни случаи изнесуваше 602, а на новозаразени – 2.972 луѓе.Во понеделникот во Италија имаше 566 смртни случаи, а вчера, втор ден по ред беше забележан раст на смртни случаи.

Но во понеделникот бројот на новозаразени изнесуваше 3.153 луѓе, додека нивиот број вчера се намали за 181 лице.Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа е повеќе од еден милион луѓе, што е околу половина од случаите во светот.