Свет
20. October 2019 - 17:37

Во Италија евакуирани 4.000 луѓе поради стара бомба

Италијанските власти евакуираа 4.000 луѓе од центарот на северниот град Болцано за да отстранат бомба од Втората светска војна.

Бомбата е деактивирана утрово за време на тричасовна операција, по што повторно е отворен центарот на градот, како и автопатот и железничката линија што ја поврзува Италија со Австрија и Германија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, станува збор за заостаната авионска бомба.

Во Втората светска војна градот Болцано претрпел 13 бомбардирања, при што загинале 200 луѓе, а 60 отсто од градот бил оштетен.