Во Италија четврти ден по ред паѓа бројот на заболени од коронавирус
Бројот на новозаразени со корона вирусот во Италија паѓа веќе четврти ден по ред, што укажува на стабилизирање на кризата.
Размерите на епидемијата во Италија е најлоша во светот. Таму сега има над 57.000 активни случаи.
Сепак, од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, бројката е 3.957 во неделата, 3.780 во понеделникот, 3.612 во вторникот и 3.491 во средата.
„Очигледно сме во фаза на стабилизација на инфекцијата“, рече официјалниот претставник за цивилна заштита, Агостино Миоцо.
„Ако сакаме кривата на епидемијата да се стабилизира, а потоа да почнеме да паѓаме, апсолутно е суштинско да се одржи социјалната дистанца“, додаде тој.
Сепак, бројот на смртни случаи сè уште е голем. Вчера починале 683 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 7.503.
Вкупно закрепнати се 9.362 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега, кој внимателно се следи заради недостаток на кревети, денес е зголемен за само 2,9 проценти на 3.489 пациенти.
Епидемијата е концентрирана во Ломбардија, но сè повеќе постои загриженост дека ескалацијата може да се случи на југот, особено ако не се почитуваат строгите мерки.
„Следните десет дена тука ќе бидат пекол. Ние сме на работ на драматично ширење на заразата“, рече претседателот на регионот Кампанија, Виченцо де Лука.
Во Кампанија се наоѓа густо населениот Неапол. Градоначалникот на градот ја обвинува владата дека не успеала да обезбеди основна опрема како што се респиратори, маски и други медицински материјали потребни за да се избегне „трагедија“ во регионот.
Цела Италија е во карантин, што официјално истекува на 3 април, но дури и ако бројот на нови заразени продолжи да опаѓа, скоро никој не очекува дека наскоро ќе бидат укинати ригорозните мерки за движење.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок