Македонија
12. April 2020 - 17:11

Во источниот регион Кочани и Штип со најмногу заболени, 16 хоспитализирани во штипската болница

13 пациенти се хоспитализирани на инфективно одделение при штипската клиничка болница. Девет од нив се позитивни, а за четворица постои сомневање, зашто пројавиле симптоми на Ковид-19. Тројца се од Штип, а останатите 10 од Кочани и руралните општини Зрновци и Чешиново-Облешево. Директорот на болницата Ален Георгиев, за Сител информира дека сите се со средна клиничка слика и се во стабилна здравствена состојба. Инаку, во Штип денес нема регистрирано новозаболени. Доктор инфектолог и медицинска сестра имаат негативни резултати на тестирањето.

Од 15-те здравствени работници од болницата, кои биле во контакт со пациентката која почина од корона вирус и кои се во двонеделна самоизолација, 4 се позитивни и 7 негативни на Ковид-19, а за уште 4 се чекаат резултатите. Доколку и вториот тест им биде негативен, ќе се вратат на своите работни места на инфективното одделение.

На Истокот во последните 24 часа е евидентиран еден позитивен случај и тоа во Кочанско. Од вчера на инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 4 месечно бебе и 2 и пол годишно дете од Кочани.