-->
-->
Во Истанбул судир меѓу полицијата и опозициските демонстранти
-->
Турската полиција испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои синоќа се собраа да ја одбележат двегодишнината од смртта на тинејџерот, која ја мобилизираше опозицијата против претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Полицијата и демонстрантите се судрија во Истанбул, во квартот Окмејдани.
Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели, а полицијата возврати со солзавец.
Протестот е организиран по повод двегодишнината од смртта на 15-годишното момче, кое почина во 2014 откако беше во глава погодено со канистер со солзавец, кој го фрли полицијата врз антивладините демонстранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите