Балкан
25. јуни 2019 - 11:18

Во Истанбул поразот на Ердоган се славеше со „Јутро је“ од Нада Топчагиќ

Кандидатот на Ердоган доживеа голем пораз на повторените избори за градоначалник на Истанбул каде победи Екрем Имамоглу, кандидатот на Републиканската народна партија.

Тој го победи поранешниот премиер, Бинали Јилдирим, кој беше кандидат на владејачката партија на Реџеп Таип Ердоган.

Падот на Едроган предизвика голема еуфорија во Инстанбул каде имаше и големо славје. На Твитер се појави и видео од прославата на кое може да се слушне како се слави и со песната „Јутро је“ од српската пејачка Нада Топчагиќ.