Балкан
5. November 2015 - 20:09

Во Истанбул масовна полициска операција против шверц на наркотици

Над 25 осомничени биле приведени во масовна операција против шверц на наркотици во Истанбул.

Операцијата била преземена по седумдневни подготовки.

Тимовите на истанбулската полиција за борба против наркотици биле потпомогнати од хеликоптери и од специјалните единици. Во операцијата се вклучиле околу 500 службеници на полицијата.

Во рамки на операцијата, која се уште не е завршена, се извршуваат претреси на различни локации.