Свет
11. August 2020 - 13:35

Во Иран уапсени пет лица под обвинение за шпионажа

Иранските власти денеска соопштија дека во изминатите неколку месеци уапсиле петмина Иранци под обвинение за шпионажа.

Тие се товарат дека шпионирале во корист на Израел, на Велика Британија и на Германија.

Иранските власти наведоа дека двајца од уапсените веќе се осудени на затворски казни.