-->
-->
Во Иран секои 23 секунди се инфицира по еден човек со Ковид-19
-->
Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.
Во истиот период во земјата од последици од новиот коронавирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.
– Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со Ковид-19, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.
Експертите бараат итно воведување на карантин, на што се спротиставува иранскиот претседател Хасан Рохани поради еконоската криза во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов