Свет
14. March 2016 - 8:43

Во Ирак убиен еден од командантите на ИД

Еден од командантите на терористичката група Исламска држава, одговорен за бомбашите-самоубици, убиен е при воздушен напад на меѓународната коалиција, јави синоќа телевизијата „Ал Мајадин“.

Телевизијата наведува дека Мохамад Халаф ал Сатури бил ликвидиран при воздушен напад во близина на градот Хит, во западната ирачка провинција Анбар.

Во нападот загинале уште четворица радикали.