Во Индонезија уапсени 18 учесници и помагачи на терористичкиот напад во Џакарта
Шефот на индонезиската полиција Бадродин Хаити соопшти дека до вчера се уапсени 18 лица, осомничени за учество или организација на терористичкиот напад во центарот на Џакарта, извршен на 14 јануари.
Во терористичката акција кај кафулето Старбак беа убиени осум лица, од кои четворица напаѓачи.
Шестмина од уапсените ќе бидат обвинети за директно учество во терористичкиот напад. Полицијата во интерес на истрагата не ги соопштува имињата на уапсените. Медиумите во Индонезија шпекулираат дека се работи за повратници од редовите на Исламската држава, кои имале кампови за обука на исламски радикали, а сега се трага и по нивните ученици.
Во Индонезија по нападот во центарот на Џакарта во јавноста се спроведува кампања за заострување на антитерористичките закони, давање повеќе овластувања и логистика на припадниците на антитерористичките единици. По терористичкиот напад во Џакарта полицијата и експертите се огласија со мислења дека сегашните закони им ги врзуваат рацете на специјалните сили за антитероризам.
Критичарите велат дека терористичкиот напад на Бали, во 2002 година, кога од бомби што ги поставија муслимански радикали во хотелите загинаа над 200 странци, не бил доволна индикација Индонезија да се подготвува за антитероризам. Во државата со најбројно муслиманско население по крвопролевањето на Бали беа извршени уште десетина терористички акции во кои загинаа над 500 лица.
Нападот во Џакарта, според сите сознанија, а и потврдите од Сирија, бил организиран и помогнат од ИёД. Пропагандата за потребата повеќе Индонежани да се вклучуваат во борбите во Ирак и Сирија, но и да размислуваат за формирање на калифати на архипелагот на кој живеат 256 милиони луѓе, од лани агресивно се шири низ социјалните мрежи. Има податоци дека интернет постовите подготвени од ИД и локалните поддржувачи дневно ги следат над пет милиони луѓе, главно помлади лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица