Свет
13. September 2019 - 11:29

Во Индија загинаа 11 верници при превртување чамец

Најмалку 11 хинду верници се удавиле кога нивниот чамец се превртел утрово за време на верска прослава на езерото во централна Индија, соопшти полицијата.

Полицискиот службеник Акил Пател изјави дека пет лица се спасени од езерото во Бопал, главниот град на Мадија Прадеш, пренесува АП.

Чамецот, наводно, се превртел додека верниците го потопувале својот идол, хинду богот Ганеш во езерото, рече Пател, додавајќи дека од езерото биле извлечени 11 тела.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеш, кој е симбол на мудрост, просперитет и среќа.