Loading Video...
Свет
5. April 2021 - 21:17

Во Индија за првпат над 100.000 новозаразени од корона за 24 часа

Индија пријави 103.000 нови ковид случаи во последните 24 часа со што стана втора земја по САД која надмина 100 000 новозаразени на ден.

57 000 од новите случи се регистрирани во сојузната држава Махараштра. Од вечерва во таа држава ќе има построги мерки. 

Според епидемиолозите, зголемувањето на бројот на заразени лица во голема мера се должи и на позаразните мутации на вирусот.