Бизарно но вистинито
25. January 2016 - 14:48

Во Индија родено "чудесно бебе" со половина глава и огромни очи!

Во Индија е родено женско бебе со половина глава и огромни очи, кое сепак не успеало да преживее.
 
Бебето го родила Савита Рани (32) од Амрох, северна Индија, а веднаш по раѓањето во градот проеткла приказна како во болниицата е родено "чудесно дете", јавува Деили Меил.
 
Два дена подоцна бебето починало од срцев удар.
 
- Овие компликации настанувааат поради погрешни прехрамбени навики кај мајката во текот на бременоста, вели доктор Кусум Лата од болницата во која се родило бебето.
 
- Лекарите инсистираат на редовни прегледи на жените во текот на бременоста. Така можеме да ги избегнеме овие абнормалности .
 
Детето е родено со отворени очи поради тоа што главата не му е правилно формирана.
 
- По раѓањето не плачеше и се однесуваше сосема поразлично во однос на нормалната природа. Вистинско чудо е што мајката остана жива по раѓањеето, тврди Лата.
 
Мајката која има три деца во текот на породувањето изгубила големо количество на крв, поради што била во животна опасност.