Свет
2. May 2019 - 11:04

Во Индија поради тропски циклон евакуирани 800.000 луѓе

Индиската Влада е во состојба на готовност, додека источниот брег на земјата се подготвува за удар на тропски циклон.

Официјални лица изјавија дека мораат да евакуираат 800.000 луѓе од државата Одиша на побезбедни места.

-Околу 20.000 луѓе веќе се преселени, изјави Прабхат Ранјан Мохапатра, висок офицер во канцеларијата за итна помош.

Тој соопшти дека тимовите се распоредени и се очекува 14-те области во земјата да бидат под влијание на циклонот Фани.

Индиската Национална агенција за справување со катастрофи претходно неделава соопшти дека силниот циклон ќе го погоди брегот на Одиша на 3 мај со брзина на ветрот од 175-185 до 205 километри на час.