Балкан
18. March 2016 - 16:10

Во Идомени фатен мигрант педофил кој силувал 7-годишно девојче

Мигрантите кои живеат во импровизираниот камп Идомени, го зедоа законот во свои раце, откако фатија осомничен нивни колега-мигрант во силување на 7-годишно девојче. На фотографиите од грчко-македонската граница се гледа како група мигранти насилно водат маж, облечен во џемпер и маскирни панталони.

Фотографот не успеа да потврди дали девојчето кое се гледа зад уапсениот педофил, е неговата жртва.

idomeni pedofil 1

Мигрантите не го линчувале мажот. Наместо тоа, тие го предале на властите, кои ќе ги истражат обвинувањата.

idomeni pedofil 2

Во моментов во Грција се блокирани околу 46 000 мигранти, откако неколку балкански земји ги затворија своите граници. Од нив околу 14 000 се наоѓаат во кампот  Идомени.