Балкан
8. April 2021 - 20:51

Во Хрватска зголемен бројот на новозаразени од коронавирус

Бројот на нови пациенти расте во Хрватска, од кои 3.217 се регистрирани во последните 24 часа, а 36 лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 12.767 активни случаи. Меѓу нив, 1.756 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 171 се на апарати за дишење.Во изминатите 24 часа, 1.775 лица се опоравиле и 11.216 биле тестирани.

Вакцинирани се 432.601 лице, од кои 100.808 со двете дози.

Министерот за здравство Вили Берош денеска изјави дека меѓу 25 и 30 проценти од граѓаните одбиваат да се вакцинираат со „Астра Зенека“, потсетувајќи дека вакцинирањето на приоритетните групи се уште трае.

Тој додаде дека во моментов има најмногу од вакцините „Фајзер“ и најави дека првите 7.150 дози на вакцини од производителите „Џонсон/Џонсон“ ќе пристигнат на 14 април.