Балкан
12. September 2016 - 17:19

Во Хрватска приведени три лица поради криумчарење на луѓе од Албанија и од Косово

Хрватската полиција на полуостровот Истра притвори 53-годишен албански и 51-годишен хрватски државјанин, под сомнеж дека биле во договор со три непознати лица од Словенија и на словенечка територија илегално префрлиле 16 Албанци.

Криумчарите на тој начин незаконски заработиле повеќе десетици илјади евра.

Поради криумчарење на странци во текот на викендот во оддделен случај притворен е 35-годишен словенечки државјанин.