Балкан
16. December 2017 - 9:46

Во Хрватска покрената истрага против шест офицери на поранешна ЈНА

Против шест пензионирани офицери на поранешна ЈНА осомничени за рекетирање на Бански двори во 1991 година, покрената е истрага, соопшти загребското Жупаниско државно обвинителство.

Со истрагата опфатени се пет лица засега со непознато државјанство и еден хрватски државјанин, кои се осомничени за обид на убиство на претставници на највисоките хрватски државни тела и за воено злосторство против цивилното население.

Обвинителството ги објави само годините на осомничените, но според неофицијални информации, меѓу нив се некогашниот генерал на поранешна ЈНА и командант на Военото воздухопловство во 5. армиска област Љубомир Бајиќ кој издал команда за напад и Слободан Јеремиќ, некогашен припадник на командата на военото воздухопловство кој го планирал нападот.

Според хрватските медиуми ниту еден од обвинетите не е достапен на хрватските власти.

Од 1990 година во Бански двори е сместена хрватската Влада, а на 7 октомври 1991 година авион на ЈНА го нападна објектот. Цел на нападот беше тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман.