Балкан
26. November 2020 - 8:33

Во Хрватска од утре се затвораат кафулињата и рестораните

Во Хрватска, во петок на полноќ, треба на сила да стапат новите заострени мерки против ширењето на коронавирусот, а според порталот Индекс, тие се однесуваат на затворањето на сите кафулиња и ресторани во земјата.

Мерките треба да бидат на сила до Божиќ, соопшти Индекс по состанокот меѓу началникот на Националниот кризен штаб и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ со префектите.

-Аргументот е дека тие се претвораат во диско клубови, рече еден од учесниците за порталот.

Рестораните ќе можат да организираат достава и тоа не до 22 часот, како што првично беше планирано, туку нон стоп.

Според Индекс, свадбените церемонии се привремено забранети, а фитнес центрите, според последните информации, остануваат отворени, но мора да обезбедат 10 квадратни метри по корисник.

Потврдено е, исто така, дека продавниците и трговските центри ќе продолжат да работат, но ќе се зајакне контролата дали бројот на клиенти во нив е во согласност со пропишаниот број на метар квадратен.

Хотелите остануваат отворени, а нивните ресторани ќе бидат отворени, но само за гостите во хотелот.

Кината и театрите остануваат отворени.