Балкан
7. May 2020 - 17:03

Во Хрватска од следната недела делумно се отвораат училиштата и факултетите

 Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука од 11 мај  да почнат со работа градинките, основните и средните училишта, како и факултетите.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак истакна дека учениците од пево до четврто одделени ќе следат настава според мешовит модел односно дел од учениците ќе посетуваат училиште, а другите и понатаму ќе следат настава од дома.

Додека учениците од петто до осмо одделение, како и студентите ќе продолжат да следат настава од далечина. Но, на факултетите ќе биде овозможено одржување на лабораториски, уметнички и клинички вежби, како и практична работа во мали групи.

Додека градинките од понеделник редовно ќе работат со придржување до насоките од Хрватскиот завод за јавно здравје.