Балкан
11. јуни 2021 - 9:58

Во Хрватска нов земјотрес со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени доцна синоќа ја погоди Хрватска.

Медиумите јавуваат дека потресот се случил во 1:23 часот синоќа, а епицентарот бил на 13 километри од Сисак.

-Зарем секој ноќ тресење.

-Силно затресе. Боже, чувај не’.

-Се тресеше прилично силно, се само дел од коментарите кои граѓаните ги напишале на социјалните мрежи.