Балкан
29. September 2015 - 9:09

Во Хрватска досега влегле над 82.000 бегалци

Од почетокот на бегалската криза до синоќа во Хрватска влегле над 82.000 бегалци, соопшти хрватското МВР на својата Интернет страница.

Како што се наведува во соопштението, до вчера во 21 часот на граничните премини Товарник и Бапска, во Хрватска влегле над 4.500 лица, кои во текот на денот се превезувале кон Унгарија.

Во Опатовац, каде времено се сместуваат бегалци, во моментот се наоѓаат околу 250 лица. Во текот на ноќта и во наредните денови и натаму се очекуваат голем број бегалци кои пристигнуваат од Србија, се наведува во соопштението на хрватското МВР.