Балкан
11. October 2020 - 11:31

Во Хрватска 508 нови случаи со Ковид-19 и 7 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 508 нови случаи со Ковид-19, а активни се 2.818.

Меѓу нив 384 пациенти се во болница, од кои 26 на респиратор.

Починаа седум пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 20.440 лица, од кои 324 починаа, а вкупно 17.298 оздравеа.

До денеска тестирани се 358.515 лица, од кои 4.989 во последните 24 часа.