Во Хонг Конг за време на празниците уапсени 336 лица
Полицијата во Хонг Конг уапси 336 лица за време на божиќните празници, додека протестите на граѓаните продолжуваат, изјави денеска портпаролот на полицијата, Квок Ка-Чуен.
Квок рече дека 92 жени биле уапсени од понеделник до четврток и дека меѓу уапсените има и 12 малолетни лица.
Со ова бројот на притворени за време на протестите се зголеми на речиси 7.000, повеќето од нив студенти.
Демонстрантите, облечени во црно, некои со капи на Дедо Мраз, кршеа излози на продавници, додека полицијата реагираше со солзавец и апсења.
Квок ги осуди, како што ги нарече, нападите врз обичните граѓани во трговски центри и ресторани и вандализмот на јавната инфраструктура, вклучувајќи ги и метро станиците, банките и електроенергетската мрежа.
– Нивниот план е да ги замолчат оние кои застапуваат различни ставови и да ја тероризираат јавноста. Оние кои не се согласуваат со нивното насилство, ќе наидат на насилство, рече Квок.
Протестите, со кои се бараат поголеми демократски права, не прекинаа ниту по убедливата победа на антивладините кандидати на локалните избори на почетокот од овој месец.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот