Свет
26. February 2020 - 15:25

Во Хонг Конг сите полнолетни жители ќе добијат околу 1.300 долари поради новиот коронавирус

Хонг Конг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот коронавирус.

Министерот за финансии на Хонг Конг, Пол Чан денеска најави дека Владата на сите полнолетни жители на Хонг Конг ќе добијат по 10.000 хонгконшки долари (1.280 американски долари).

– Социјалните превирања во последните месеци и новата епидемија на коронавирус предизвикаа голем удар врз економијата во Хонг Конг, истакна Чан.

Тој додаде дека „средствата ќе бидат доделени со цел да се стимулира потрошувачката и да се ублажи финансискиот товар на населението“.