Свет
8. July 2020 - 9:48

Во Хонг Конг отворено биро за национална безбедност

Кина денеска отвори биро во Хонг Конг што ќе ги истражува и гони кривичните дела што се сметаат за закана за националната безбедност.

Со високи безбедносни мерки, на отворањето присуствуваа премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, и официјални претставници на Комунистичката партија на Кина.

Пред повеќе од една недела, Кина усвои нов контроверзен закон за национална безбедност во Хонг Конг, поради што централната власт беше критикувана за кршење на автономијата на тој финансиски центар.

Законот е реакција на Пекинг на огромните демонстрации во 2019 година во таа кинеска автономна територија против влијанието на централните власти, на кои имаше насилства, вандализам и кои ја засилија сепаратистичката струја на таа територија.