Свет
20. November 2021 - 9:18

Во Холандија одложуваат лекување пациенти со рак и срцеви заболувања поради новиот бран заразени со Ковид-19

Холандските здравствени власти соопштија дека почнале да ги одложуваат операциите за некои пациенти со рак и срце за да ослободат простор во единиците за интензивна нега поради рекордниот бран на инфекции со ковид-19.

– Тоа се пациенти со рак кои всушност треба да се оперираат во рок од шест недели по дијагнозата, а тоа нема да биде исполнето во сите случаи. Тоа се и пациенти со проблеми со срцето, изјави портпаролот на ационалната организација што распределува болнички ресурси.

– Тоа е ужасно, се разбира, за пациентите.

Националниот институт за здравје (RIVM) соопшти за рекордни повеќе од 23.000 нови случаи за 24 часа во четвртокот, во споредба со претходниот дневен максимум од околу 13.000 во декември 2020 година.

Со вакцинирана 85 отсто од возрасната популација, стапките на прием и во болница и во единицата за интензивна нега досега останаа пониски отколку што беа во пикот на почетниот бран во април 2020 година. Со помалку од 200 кревети останати во холандските оддели за Интензивна нега од четвртокот, болниците се обидуваат да зголемат капацитет.

Владата на почетокот на ноември повторно воведе задолжително носење маски во продавниците, а минатиот викенд повторно воведе делумно затворање.