Свет
30. November 2019 - 13:38

Во хеликоптерска несреќа во Русија загина директорот на „Абрау ер транспорт“

Јуриј Корољев, директор на непрофитната организација „Абрау ер транспорт“ денеска загина во хеликоптерска несреќа во руската Краснодарската Област.

Хеликоптерот полетал од градот Абрау-Дурсо за Анапа удрил во брдо и се запали.

Корољев, кој пилотирал, бил единствен патник во хеликоптерот.

Во тек е истрага за причините за несреќата.