Свет
24. March 2016 - 15:03

Во Хаг уапсена Флоренс Артман

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман е уапсена денеска пред Меѓународниот суд во Хаг, каде пристигнала за да го следи изрекувањето на пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Како што јави Ал Џазира Балкан, таа се обидела да влезе во Трибуналот, кога и се ставени лисици на рацете. 

Артман е воведена во зградата на Меѓународниот суд на правдата. 

Таа е уапсена поради прекршување на забрана за пристап до Трибуналот.