Свет
1. December 2017 - 16:02

Во Грузија ликвидиран осомничениот организатор на нападот во Истанбул во јуни 2016

Поранешен борец на групата Исламска држава (ИД), кој е осомничен како организатор на нападот на аеродромот во Истанбул во јуни 2016 година, бил ликвидиран минатата недела при операција на тајните служби на Грузија, соопшти денеска портпаролката на грузиската Служба за државна безбедност, Нино Гиоргобиани.

- Потврдено е дека еден од тројцата убиени во операцијата на 22 ноември е Чеченецот, Ахмед Чатаев, изјави Гиоргобиани.

Според неа, идентитетот на Чатаев била утврден со помош на американското Федерално истражно биро (ФБИ) преку  ДНК анализа и отпечатоци.

Турција Истанбул аеродром напад

Во самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот „Кемал Ататурк" во Истанбул на 28 јуни 2016 година, загинаа 45 лица а десетици беа повредени.

Турските власти го посочија Ахмед Чатаев, поранешен регионален командант на ИД, како можен организатор на терористичкиот напад.