Во Грција запленети 21 килограми кокаин
Во акција на грчката полиција се запленети 21 килограми кокаин и се уасени четири лица, двајца Албанци и двајца Грци, јавија албанските медиуми.
Според грчките медиуми, полицијата добила информации дека дрогата се наоѓа во камион, кој од Италија со тракет прстигнува во грчкото пристаниште Патра.
Откако камионот пристигнал, полицијата го следел до Коринт каде требало да биде предадена дрогата. При полициската контрола во камионот бил пронајден пакет со 21 килограми кокаин.
Полицијата ја продолжува акцијата во Атина, Аксаија и Коринт, каде се врши контрола во повеќе објекти.
Во исто време, албанските медими јавија и дека германската полиција во близина на градот Пасау во Баварија, запленила 230 килограми марихуана, кои се наоѓаче во камион со албански регистарски таблички, управуван од 57-годишен Албанец.
Според германската полиција, дрогата била натоварена на камионот во Италија, а нејзина крајната дестинција била Холандија.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово